НАЈМАЛКУ 90 КИТОВИ УМРЕЛЕ ВО МАСОВНОТО НАСУКУВАЊЕ ПОКРАЈ БРЕГОТ НА ТАСМАНИЈА

    НАЈМАЛКУ 90 КИТОВИ УМРЕЛЕ ВО МАСОВНОТО НАСУКУВАЊЕ ПОКРАЈ БРЕГОТ НА ТАСМАНИЈАСпасувањето на китовите би можело да трае со денови поради непристапниот терен (Фото: Гети)

    Најмалку една третина од 270 китови насукани покрај брегот на Тасманија се мртви и се стравува дека и многу други умираат, изјавија австралиските спасувачи. Потврдено е дека досега се спасени 25 китови.

    Масовното насукување покрај западниот брег на Тасманија е откриено вчера и поморските биолози ќе се обидат да ги спасат преостанатите китови во незгодна операција која би можела да трае со денови.

    Непознато е што ги привлекло китовите на брегот. Иако насукувањата не се невообичаена појава, експертите велат дека вака големо не е видено повеќе од една деценија.

    Китовите се пронајдени во три групи, од кои најголемата има повеќе од 200 единки. Многу од нив се наоѓаат на непристапни места, што им ја отежнува работата на спасувачите. Тим од 40 тренирани спасувачи утрово почна да одвлекува една група насукани китови кон подлабоки води.

    „Вообичаено работиме со животни кои се насукани на плажа и на суво, но ова е поинаку. Овие китови се полунасукани, па нема да им треба премногу време да се вратат во морето. Ако им се подобри состојбата во морето, потоа ќе треба да се одвлечат подалеку, што ќе биде голем предизвик поради силната плима“, изјави биологот Крис Карлион.

    Овој вид на китови може да порасне до седум метри и да тежи до три тони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира