НАЈСТАРАТА ЛИЧНОСТ ВО ЕВРОПА ГО ПРЕЖИВЕА КОВИД-19 ВО ПРЕСРЕТ НА 117. РОДЕНДЕН

    НАЈСТАРАТА ЛИЧНОСТ ВО ЕВРОПА ГО ПРЕЖИВЕА КОВИД-19 ВО ПРЕСРЕТ НА 117. РОДЕНДЕНСестра Андре, која е слепа и во количка, вели дека едвај го чека својот роденден в четврток (Фото: АФП)

    Француска калуѓерка која е најстара личност во Европа се излекувала од ковид-19 само неколку дена пред својот 117. роденден. Лусил Рандон, која во 1944 година го зела името сестра Андре, имала позитивен тест за коронавирус на 16 јануари, но не развила симптоми.

    Рандон им кажала на локалните медиуми дека не ни забележала дека има коронавирус. Таа била во изолација од останатите штитеници на старечкиот дом во Тулон и сега веќе е целосно заздравена.

    Сестра Андре, која е слепа и во количка, вели дека едвај го чека својот роденден в четврток, што овојпат ќе го прослави со помала група луѓе од обично.

    „Таа имаше среќа. Таа не нѐ прашуваше за своето здравје, туку за своите навики. Ја интересираше дали ќе се сменат термините за јадење и спиење. Не покажа никаков страв од болеста, туку повеќе беше загрижена за останатите жители на домот“, изјави Давид Тавела, портпарол на старечкиот дом.

    Рандон е родена на 11 февруари 1904 година и е втор најстар човек на светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира