НАПИШАВ ИСТОРИСКА ФИКЦИЈА ЗА ТИТО, ОТИ НЕГОВАТА ПРИКАЗНА 30 ГОДИНИ СЕ ИЗВИТОПЕРУВА, ВЕЛИ ЗОРАН СПАСОВ-ЅОФ ЗА НОВИОТ РОМАН

    НАПИШАВ ИСТОРИСКА ФИКЦИЈА ЗА ТИТО, ОТИ НЕГОВАТА ПРИКАЗНА 30 ГОДИНИ СЕ ИЗВИТОПЕРУВА, ВЕЛИ ЗОРАН СПАСОВ-ЅОФ ЗА НОВИОТ РОМАНСите средства од продажбата на романот „Тито, мојот претпоследен херој“, како и авторскиот хонорар одат за СОС Детско село. (Фото: „Арс ламина“)

    „Тито ми е идол и 25 мај го славам како куќна слава, Св. Тито“, вели авторот Зоран Спасов-Ѕоф за инспирацијата за неговиот роман „Тито, мојот претпоследен херој“, кој деновиве излезе во издание на „Арс ламина“.

    Спасов-Ѕоф, кој е основач на Фондацијата „Македоника“, а стоеше зад популарните „М Експерс“ и „Огласник М“, ни рече дека неоговиот роман е историска фикција, кој се состои од три дела: љубовен, носталгичен и историски.

    „Сѐ што раскажува Тито во книгата е производ на 4-годишно истражување со документи од Москва, видеа, фотографии“, ни рече авторот.

    На прашањето зошто напишал роман токму за поранешниот претседател на Југославија, вели: „Затоа што приказната за Тито е извитоперена во последните 30 години, и од едните и од другите. И од историчарите и од политичарите“.

    Спасов, кој претходно ги има напишано и „Тибам штркот“ и „Некогаш, некаде“, кажа дека книгата се продава во книжарниците „Литература.мк“ за 350 денари, а сите средства од продажбата, како и авторскиот хонорар одат за СОС Детско село.

    „Кога барав издавач, тоа беше услов, да се откажат од парите. Исто и парите од продажбата на претходните две книги отидоа за деца без родители и за деца со посебни потреби“, вели авторот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира