НАСА СЛАВИ НОВ УСПЕХ – СОНДАТА „ЊУ ХОРАЈЗОНС“ ГО ПРЕЖИВЕА ПРЕЛЕТОТ ПОКРАЈ НАЈОДДАЛЕЧЕНИОТ СВЕТ ДОСЕГА

    НАСА СЛАВИ НОВ УСПЕХ – СОНДАТА „ЊУ ХОРАЈЗОНС“ ГО ПРЕЖИВЕА ПРЕЛЕТОТ ПОКРАЈ НАЈОДДАЛЕЧЕНИОТ СВЕТ ДОСЕГАРадио-пораката од роботското летало беше примена од една од големите антени на НАСА во Мадрид (Фото: НАСА)

    Сондата на НАСА, „Њу хорајзонс“, го преживеала контактот со најоддалечениот свет до кој досега стигнал објект направен од човекот.

    „Њу хорајзонс“ направила илјадници фотографии и други истражувања при поминувањето покрај мрачната ледена карпа наречена Ултима Туле, која се наоѓа на 6,5 милијарди километри од Земјата, на самиот раб на нашиот Сончев систем. Податоците ќе пристигнуваат во наредните месеци.

    Радио-пораката од роботското летало беше примена од една од големите антени на НАСА во Мадрид. Сигналот од „Њу хорајзонс“, која ѝ се доближила на карпата на околу 3.500 километри, патувал до Земјата шест часа и осум минути.

    „Леталото е во здрава состојба. Тукушто го остваривме најдалечниот прелет досега“, изјави Алис Баумен, оперативниот менаџер на мисијата во универзитетот „Џон Хопкинс“ во Лорел, Мериленд.

    Ултима Туле се наоѓа во појасот Кујпер, кадешто се проценува дека има стотици илјади слични тела. Се верува дека тие се остатоци од формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години.

    Мисијата „Њу хорајзонс“, која беше лансирана во 2006 година, досега чини 800 милиони долари и се очекува до своја следна цел да стигне дури во наредната деценија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира