НАУЧНИЦИ НА НАСА ПРВПАТ СТАПНАА НА НОВОФОРМИРАН ОСТРОВ И ОТКРИЈА ДЕКА Е ПРЕКРИЕН СО МИСТЕРИОЗНА КАЛ

    НАУЧНИЦИ НА НАСА ПРВПАТ СТАПНАА НА НОВОФОРМИРАН ОСТРОВ И ОТКРИЈА ДЕКА Е ПРЕКРИЕН СО МИСТЕРИОЗНА КАЛНеименуваниот остров се појави по подводна ерупција во 2015 година (Фото: НАСА)

    Научници на НАСА првпат стапнаа на еден од најново формираните острови на светот и открија дека е прекриен со мистериозна леплива кал, но пронајдоа и вегетација и птичји живот.

    Вулканскиот остров се појави во океанот во близина на пацифичката држава Тонга пред три години и е еден од само три острови што се создале во последните 150 години и преживеале повеќе од неколку месеци.

    Ден Слејбек го предводеше тимот на НАСА кој го посети оддалечениот остров, откако тој досега беше проучуван само преку сателитски снимки.

    Се проценува дека островот би можел да преживее до 30 години (Фото: НАСА)

    Островот се роди по ерупција на подводна калдера во 2015 година и во меѓувреме не беше именуван. Научниците откриле дека вегетација почнала да се развива на малиот остров, но она што не можеле да го објаснат е леплива глинеста кал.

    „На сателитските снимки гледате светло обоен материјал. Сега видовме дека станува збор за леплива кал налик на глина, но сѐ уште не знаеме што е тоа и од каде доаѓа. Затоа што тоа не беше пепел“, изјави Слејбек.

    Првичните проценки кажуваат дека островот би можел да преживее 30 години, пред да биде уништен од океанот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари