Универзитет во Романија спроведе истражување колку е сигурно да се јаде снег и сега ги објави резултатите.
Иштван Мате, професор на Унгарскиот универзитет на Трансилванија, изјави дека експериментот од 2017 година покажа дека е безбедно да се јаде снег што е стар половина ден и е посигурен да се јаде во постудени месеци. Ако е стар два дена, тогаш веќе не треба да се јаде.
За да го спроведат експериментот, научниците собрале снег од парк и од една обиколница во централна Романија во јануари и февруари и го ставиле во херметички затворен стерилен контејнер. Тие потоа се обиделе да развијат бактерии и мувла во него. По еден ден, во јануари имало пет бактерии на милиметар снег, а во февруари, нивниот број се зголемил за четири пати.