Без разлика дали е преку вклучувањето на сексот во јавните настапи, усвојувањето на хомосексуалната субкултура за мејнстрим публика или со тоа што е најпродаван женски музичар на сите времиња, Мадона има непроценливо влијание.
Поп-ѕвездата, која ќе наполни 60 години на 16 август, повторно ги руши бариерите, овој пат како една зрела жена која сѐ уште е атрактивна, во одлична форма и необична.
Давајќи му ново значење на терминот шеесетгодишна личност, Мадона сѐ уште отворено излегува со мажи помлади три децении, ја одржува својата фигура и одржува провокативни настапи.
Мадона не е првата пејачка која е активна како старее, таа само се приклучува на екипата со Арета Френклин, Шер и Доли Партон.
Но, Мадона, која се појави во поп-културата во исто време кога се отвори и Ем-Ти-Ви, го отелотвори култот на младоста како и неколкумина други уметници и, додека други колеги правеа носталгични концерти, Мадона никогаш не помина повеќе од четири години без албум, уште од нејзиниот деби-блокбастер во 1983 година.
Насловот на нејзиниот последен албум, „Ребел харт“, го сумираше нејзиниот непоколеблив став: „Кучко, јас сум Мадона“.
Фреја Џарман, музички научник на Универзитетот во Ливерпул, која беше ко-уредник на книга за Мадона, вели дека поп-ѕвездата веќе го оставила своето наследство, со помладите уметници како Леди Гага, врз кои е толку очигледно нејзиното влијание.
Но, таа вели дека Мадона сега покажала нов вид на релевантност.
„Како женски популарен музичар која старее, која сѐ уште ја има толку многу во очите на јавноста, таа е апсолутно важна и значајна”, рече Џарман.
„Многу ѕвезди бледнеат и излегуваат од фокусот, додека Мадона, не исчезнува“, додаде Џарман.
„Биди она што мажите сакаат да бидеш, биди жената на која и е пријатно во машко друштво, но уште поважно, немој да старееш. Стареењето е грев, ќе те критикуваат и нема да те пуштаат на радио“, одговара Мадона на злобните коментари.
„Како феминистка, ќе кажам сѐ најдобро за Мадона. Ако е е таа вашиот сексуален вкус, таа ќе го вклучи тоа копче. Таа креира фантазија која повеќето жени или не сакаат или не можат да сторат“, вели Пепер Шварц, социолог на Универзитетот во Вашингтон во Сиетл, која го проучува стареењето и сексуалноста.