Да се пронајде достапен штекер на аеродром знае да биде фрустрирачко искуство.
Во тоа дефинитивно не помага она што се чини како група шегаџии, кои оставаат лепенки во вид на лажни штекери на ѕидови, корпи за ѓубре и на други јасно видливи места. Нивните акции почнаа предупредувачки да се објавуваат на Твитер од оние кои наседнале.
Овие лепенки обично имаат и лажна сенка, па оддалеку не може да се сфати дека сте биле жртва на измама.
„Изгледа многу реално. Зошто некој би ставил лепенка штекер на ѕид? Наседнав!“, напиша еден корисник на Твитер.