НИЛ ДАЈМОНД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД НАСТАПИ, ИМА ПАРКИНСОВА БОЛЕСТ

    НИЛ ДАЈМОНД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД НАСТАПИ, ИМА ПАРКИНСОВА БОЛЕСТ„Со големо разочарување го објавувам моето повлекување од концертната турнеја. Ми беше чест што настапував за публиката изминативе 50 години“, изјави Дајмонд, еден од најпродаваните поп музичари (Фото: Ројтерс)

    На славниот американски пејач и текстописец Нил Дајмонд, еден од најпродаваните поп музичари, му е дијагностицирана Паркинсонова болест и затоа ќе се повлече од настапи, беше објавено на неговата официјална веб-страница.

    Болеста му отежнува да патува и да има долги турнеи, се вели во соопштението, и затоа легендарниот пејач ќе ги откаже претстојните концерти во Австралија и Нов Зеланд, а на публиката ќе и бидат вратени парите за влезниците.

    „Со големо разочарување го објавувам моето повлекување од концертната турнеја. Ми беше чест што настапував за публиката изминативе 50 години“, изјави Дајмонд, добитник на Греми награда.

    Дајмонд, најпознат по хитот „Слатка Каролина“ рече дека планира да пишува и да снима песни.

    Утре Дајмонд ќе наполни 77 години, а в недела, Музичкиот архив ќе му ја врачи наградата за животно дело.

    Дајмонд има продадено повеќе од 130 милиони албуми ширум светот, а според Архивот, 38 од неговите синглови биле во Топ 40,.

    „Благодарен сум ѝ на мојата лојална и посветена публика низ целиот свет. Секогаш ќе ве ценам за вашата поддршка и охрабрување “, рече Дајмонд.

    „Ова патување  беше толку добро, толку добро, благодарение на вас“, додаде тој.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира