Обидите на Норвешка да ги охрабри своите жители да купуваат електрични автомобили би можеле да се покажат преуспешни.
Во Осло ги купуваат во толкав број, што локалната власт не може да постигне да постави доволно станици за полнење. Затоа здружението на возачи почна да ги советува граѓаните да не купуваат електрични автомобили, доколку немаат опција да ги полнат дома.
„Локалната власт не може да го следи чекорот и да постави доволно станици за полнење, во споредба со тоа колку автомобили се купуваат. Еден од три автомобили што се продаваат во Норвешка е електричен или хибриден“, изјави портпаролот на здружението, Норск Елбилфоренинг.
Во Осло, бројот на вакви автомобили е 40%. Во пошироката област на градот има регистрирано 50.000 електрични и 30.000 хибридни автомобили, но само 1.300 станици за полнење.
Бумот на е-возилата се должи на тоа што државата обезбедува низа поволности при нивно купување, па тие стануваат поевтини од класичните автомобили, а во некои области имаат бесплатни паркинг и полнење и не плаќаат патарина.
„Во Норвешка ќе платите 31.000 долари за е-голф, a 37.500 за голф бензинец. Тоа е значајна разлика“, вели Елбилфоренинг.