Нов воз на италијанските железници кој патувал кон Швајцарција морал принудно да застане во Комо бидејќи не можел да влезе во тунелот и да го продолжи патот низ Алпите. Од железничката компанија на Ломбардија „Тренорд“ кажаа дека проблемот не е во тоа дали возот е превисок, туку тунелот е премногу низок.
„Нема ништо смешно или изненадувачки во тоа што новиот ултрамодерен воз ‘Караваџо‘ е преголем за да помине низ тунелот што ги поврзува Комо и Кјасо. Тој беше нарачан првенствено за регионалниот, приградски превоз низ Ломбардија. Значи, не е проблем во возот, туку тунелот ‘Кјасо‘ е несоодветен за потребите на големата железничка мобилност на територијата на Ломбардија. Оваа линија секој ден ја користат 30.000 патници, а инфраструктурата е престара“, соопшти „Тренорд“.
Оттаму додаваат дека засега нема планови за прилагодување на тунелот, поради што во иднина, новиот двокатен воз ќе застанува во Комо, а патувањето до Швајцарија ќе продолжува со друг тип на воз во сопственост на истата компанија.