НОВА ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА НА „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ СО СИТЕ УСЛУГИ НА ЕДНО МЕСТО

    НОВА ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА НА „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ СО СИТЕ УСЛУГИ НА ЕДНО МЕСТОПлатформата „Еуролинк360“ е дизајнирана да им овозможи на клиентите целосен увид и безбедно управување со сопственото осигурително портфолио.(Фото: Еуролинк)

    Клиентите на „Еуролинк осигурување“ преку нова онлајн платформа ќе имаат пристап до сите услуги, соопшти компанијата. Платформата „Еуролинк360“ е дизајнирана да им овозможи на клиентите целосен увид и безбедно управување со сопственото осигурително портфолио.

    Оваа современа платформа обезбедува лесно и брзо онлајн пријавување на штети по сите полиси, пратење на статусот на пријавената штета онлајн во реално време, целосен преглед на сите фактури и управување со начините за плаќање, обнова на полиси како и унапредување на функциите што веќе беа достапни за нашите клиенти, усовршен систем за е-плаќање и нов, јасен и брз веб шоп за е-полиси. Сите овие функционалности ги претставуваат сите осигурителни потреби на нашите клиенти достапни на едно место. Оттука произлезе и името на платформата, односно симболиката на 360 степени, што асоцира на целосно заокружено подобрено искуство, во секоја точка од нашите достапни услуги“, велат од компанијата.

    Сите клиенти имаат можност да се верификуваат на „Еуролинк360“ и со тоа да си овозможи преглед и управување со своето осигурување. Најважна функција која ќе понуди исчекор во осигурувањето е онлајн пријавата на штета со целосно дигитално управување со документите и пратењето на статус на штета. Пријавата на штета отсега е целосно автоматизиран и дигитализиран процес зад кој стои современа технологија, со што значително се олеснува и скратува процесот на пријава и регистрација на штетата во системот на Еуролинк осигурување. Клиентот веднаш добива број за пријавената штета и можност преку електронски тракинг систем да го прати процесот на обработка. Нашите клиенти транспарентно ги добиваат сите потребни нотификации електронски во реално време. Клиентите се во целосна контрола и управуваат со процесот, што ќе овозможи подобра услуга во секој момент.

    Во Еуролинк осигурување, постојано бараме начини да ги подобриме нашите процеси и да обезбедиме врвна услуга за нашите клиенти. Денеска правиме чекор напред кон целосно клиентски ориентирано искуство во осигурувањето што е дел од иднината. Еуролинк360 е сеопфатна платформа за сите осигурителни потреби која осигурувањето го става целосно во рацете на клиентите. Платформата е дел од нашата стратешка определба за обезбедување на сестрана клиентска поддршка преку мултипни канали и решение за клиентите кои преферираат самостојно следење и менаџирање на своето осигурително портфолио во секое време. Со нашата иновативна платформа овозможуваме целосно транспарентен и достапен систем за следење и менаџирање со осигурителното портфолио, што значи дека клиентите можат сами да го прегледаат своето портфолио, да обновуваат и купуваат осигурување, да сетираат начин на плаќање и да платат, како и да пријават и следат штета – сè на едно место, вели Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на „Еуролинк осигурување“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира