Шпаркасе банка ја пушти во употреба својата мобилна апликација „С-банкинг“, која што на клиентите, меѓу другото, им овозможува плаќање на режиски трошоци со опцијата „Сликај и плати“, соопшти компанијата на денешната прес-конференција.
Новата мобилна апликација на корисниците им овозможува достапност до банкарските услуги 24 часа дневно, секој ден од неделата, лесно и едноставно управување со нивните парични средства, можност за подмирување на месечните ануитети, вршење пренос на средства, вршење на менувачко работење, како и информирање за достапните локации на експозитурите и банкоматите на Шпаркасе Банка.
„Следејќи ги современите трендови во развојот на банкарските услуги, Шпаркасе Банка Македонија воведе апликација за мобилно банкарство, која беше внимателно приспособена на очекувањата кај клиентите за користење современи апликации, со кои ќе можат да управуваат со своите парични средства на брз, едноставен и лесен начин од нивните смарт уреди и од која било локација со достапен интернет. Воведувањето на иновативни банкарски услуги е еден од нашите приоритети при развојот на понудата за физичките лица. Нашите заложби се секогаш да бидеме во чекор со новите технологии и да бидеме приспособени во согласност со новите и изменети навики и очекувања кај клиентите“, изјави на прес-конференцијата директорката на секторот Управување со физички лица, Викторија Јовановска.
Апликацијата за мобилно банкарство се презема од Ап Стор (поддржани верзии иОС 7 или понова) и Гугл Плеј (поддржани верзии Андроид 4.0.3 или понова).