Нови 28 ретки дијагнози ќе бидат претставени во петтото издание на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, организирана од здружението „Ретко е да си редок“. Оттаму порачуваат дека оваа година, кампањата е посветена на здравствените работници, зашто тие се најголемата поддршка на лицата со ретки болести.
„Време е за 28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози. И петтата сезона од националната кампања ‘Ги запознаваме ретките болести‘ е изработена на македонски и на албански јазик. Многу сме! Ретки сме! Силни сме!“, вели претседателката на „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска.
Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, на 29 февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Оттогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден во февруари.