НОВОTO ПРИВАТНО СРЕДНО ШКОЛО „МЕЃУНАРОДНО УЧИЛИШТЕ СКОПЈЕ“ ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА УПИС

    НОВОTO ПРИВАТНО СРЕДНО ШКОЛО „МЕЃУНАРОДНО УЧИЛИШТЕ СКОПЈЕ“ ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА УПИСЗа учебната 2022/2023 година ќе се додели една целосна и 10 делумни стипендии за упис во прва година и 30 делумни стипендии за упис во втора, трета и четврта година. (Фото: МУС)

    Новото приватно средно училиште „Меѓународно училиште Скопје“, за учебната 2022/2023 година ќе додели една целосна и 10 делумни стипендии за упис во прва година и 30 делумни стипендии за упис во втора, трета и четврта година. Училиштето е во просториите на Центарот за странски јазици во скопската населба Карпош 1 и се отвора од септември.

    Аплицирањето е на веб страната на училиштето www.iss.edu.mk каде се достапни и информации за програмата.

    „Како училиште имаме одговорност да ги насочиме, инспирираме и поттикнеме нашите ученици. Поради тоа, ‘Меѓународно училиште Скопје’ се фокусира на тоа да им всади безвременски вештини, соработка и комуникација. Развивањето на овие вештини бара солидно менторство и средина што ја поттикнува креативноста и го вреднува придонесот на учениците. Знаењето и вештините со кои ќе се стекнат учениците во ‘Меѓународно училиште Скопје’ и нашата посветеност за нивниот професионален развој, како и соработката со најреномираните светски универзитети, ќе им овозможат остварување на сите замисли за сопствената професионална иднина“, велат од Меѓународно училиште Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира