ЊУЈОРК ДОБИ УЛИЦА СЕЗАМ ВО ЧЕСТ НА ЛЕГЕНДАРНАТА ДЕТСКА СЕРИЈА

    ЊУЈОРК ДОБИ УЛИЦА СЕЗАМ ВО ЧЕСТ НА ЛЕГЕНДАРНАТА ДЕТСКА СЕРИЈАНа отворањето на таблата со новото име присуствуваа и некои од најпознатите ликови од серијата

    Улица Сезам сега навистина постои во Њујорк.

    По повод 50 години од популарната детска куклена програма, градските власти на Њујорк одлучија и официјално да го преименуваат пресекот на Западната 63. улица и Бродвеј во улица Сезам. Таблата со новото име на улицата ја отвори градоначалникот Бил де Бласио, а на свечениот чин присуствуваа и некои од најпознатите куклени ликови од серијата.

    Пред десет години, кога ова едукативно шоу славеше 40 години, една улица во Менхетн само привремено беше преименувана во негова чест.

    Едно истражување од март покажа дека серијата „Улица Сезам“ има долгорочно позитивно влијание врз гледачите. Таа почна да се прикажува во ноември 1969 година и оттогаш постојано успева да одржи голема гледаност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира