Познатиот охридски нуркач Никола Паскали го сними подводниот свет на Охридското Езеро додека над градот беснееше снежна луња.
„Кога се нурка во вакви услови, тоа е посебно доживување. Над езерото беснее снежна вејавица, а кога си на длабочина од десетина метри, можеш да го почувствуваш само чудесниот спокој што го дава подводниот свет. Тука ништо не допира од она што се случува на површината. Меѓу растителниот и животинскиот свет на дното на езерото владее хармонија. Тоа треба да се види и доживее”, вели Паскали.
Тој е член на подводниот центар „Акватек” и изминативе години интензивно го истражува подводниот свет на Езерото. Познати се неговите фотографии од праисторискиот чамец, што го откри на локалитет кај Свети Наум.
Д. ЧУБРИЌ