ОБАМА И БАЈДЕН ЌЕ СТАНАТ ПАТНИЦИ НИЗ ВРЕМЕ ВО АНИМИРАНА СФ-СЕРИЈА

    ОБАМА И БАЈДЕН ЌЕ СТАНАТ ПАТНИЦИ НИЗ ВРЕМЕ ВО АНИМИРАНА СФ-СЕРИЈАОбама и Бајден се како браќа од различни мајки, кои се борат против неправда и ја спасуваат историјата (Фото: анимација на Адам Рид)

    Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата десна рака Џо Бајден ќе бидат подмладени и ќе станат суперхерои кои можат да патуваат низ време.

    Тоа е сценариото за СФ-серијата на режисерот Адам Рид, наречена “Бери и Џо: анимирана серија“, а нивниот водич низ времето ќе биде најпознатиот светски астрофизичар Нил Деграс Тајсон.

    “Тие се како браќа од различни мајки‘, кои се борат против неправда и ја спасуваат историјата, и сето тоа патувајќи низ времето, Веднаш по изборот на 45. претседател, Обама и неговиот најдобар пријател Џо се одведени во тајна лабораторија, што ја води тим на најголемите светски научници и повремено Елон Маск. Доналд Трамп не е негативец во приказната, туку тоа е самото човештво“, вели Рид.

    Неговата почетна цел беше да собере 100.000 долари преку мрежата “Кикстартер“, за да ја направи 11-минутната пилот-епизода на серијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира