ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ ЗАВРШУВА СО СТУДИИТЕ, МЛАДИТЕ ТРЕБА ДА СПЕЦИЈАЛИЗИРААТ НА ПОВЕЌЕ ТЕМИ, ВЕЛИ СТЕФАНИЈА ТАНЕВСКА, СТИПЕНДИСТ НА „ЕУРОЛИНК“

    ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ ЗАВРШУВА СО СТУДИИТЕ, МЛАДИТЕ ТРЕБА ДА СПЕЦИЈАЛИЗИРААТ НА ПОВЕЌЕ ТЕМИ, ВЕЛИ СТЕФАНИЈА ТАНЕВСКА, СТИПЕНДИСТ НА „ЕУРОЛИНК“Таневска била корисник на една од 130-те стипендии што „Еуролинк осигурување“, ги дава веќе петта година на студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

    „Образовниот процес не завршува со студиите. Младите луѓе би ги советувала секогаш да го надградуваат своето знаење и да се трудат да ја изучуваат секоја тема од повеќе аспекти, а не само од дисциплината во која се специјализирани“, вели дваесет и тригодишната Стефанија Таневска.

    Таневска е практикант во АД ОКТА. Таа била корисник на една од 130-те стипендии што „Еуролинк осигурување“, ги дава веќе петта година на студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

    По дипломирањето, Таневска се запишала на постидипломски студии на насоката деловноправо на Економскиот универзитет во Пиреа, каде што студирала енергетика.

    „Магистерската теза со наслов ‘Европска регулација на енергетското право’ успешно ја одбранив оваа година. Во моментот сум сѐ уште во тек со постдипломските студии во Атина, кои ми беа овозможени како целосна стипендија од ОКТА и ‘Хеленик петролеум’, каде што одлучив да се посветам на економскиот дел од полето на енергетиката и во текот на следната година да ја бранам магистерската теза со наслов ‘Energy economic developments in Europe’ “, ни рече Таневска.

    За стипендијата од „Еуролинк“ вели дека ѝ претставувала мотивација за понатамошното образование и награда за вложениот труд

    За стипендијата од „Еуролинк“ вели дека ѝ претставувала мотивација за понатамошното образование и награда за вложениот труд.

    „Веднаш по студиите успеав да најдам работно место како правник во приватна фирма, нопо една година заминав на мастер студиите во Атина. Моментално сум практикант во АД-ОКТА со цел практично да ги согледам предизвиците во полето на енергетиката“, додава таа.

    Околу прашањето за тоа дали денес е лесно или тешко да се најде работа според стекнатото образование, Таневска вели дека одговорот зависи од полето на образование.

    „Енергетиката е една од најважните теми и во нашето општество, особено со започнувањето на процесот на либерализација на пазарот и хармонизацијата на нашето законодавтво за енергетика со законодавството на Европската Унија. Поради тоа сметам дека подеталното изучување на определена тема е клучно за понатамошно работење според стекнатото образование“, рече таа.

    Со Таневска поразговаравме и за сѐ поголемото иселување на образовани кадри од Македонија, и таа вели дека економските причини се само еден дел од проблемот на иселување.
    „Политичката криза и присуството на политиката во сите сфери на општеството, како и особено нарушените етички и морални вредности е тоа што ја одзема стимулацијата за развивање на кариера во Македонија“, вели Таневска.

    Во изминативе пет години „Еуролинк осигурување“ додели 130 стипендии на студентите од Правниот факултет, со вкупна вредност од 5.700.000,00 денари. За доделување на стипендијата потребно е студентите да имаат остварено просечен успех од положени испити од најмалку 8,5,да не се корисници на друга стипендија и да го задржат статусот редовен студент со просечен успех од 8,5 во учебната година кога ќе ја користат стипендијата.

    Во осигурителната компанија велат дека со овие стипендии сакаат да им помогнат на успешните студенти по право да си покријат дел од трошоците за студирање и да ги поттикнат успешно да го завршат факултетот.

    Доделувањето на стипендиите за студентите од Правниот е активност во рамките на програмата за општествена одговорност на компанијата: „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Македонија. Стипендијата за студентите од првиот циклус е во висина од 40.000,00 денари, додека стипендијата за постдипломските студии е со висина од 60.000,00 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира