Охриѓани деновиве над охридското село Завој собираат џиновски печурки од сортата вргањ. Повеќето од нив се со тежина од половина килограм. Вакви печурки досега не биле забележани на овој простор.
„Љубител сум на природата и здравиот начин на живот. Често сум на планина и собирам и шумски плодови. Деновиве се изненадив кога кај селото Завој наидов на џиновски вргањ. Собрав неколку печурки со тежина од околу половина килограм. Жителите од овој крај велат дека толкави печурки досега не виделе“, вели Александар Тасески.
Мештаните од Завој претпоставуваат дека ваквите џиновски печурки се резултат на климатските промени, но и на обилните врнежи од дожд кои го зафатија охридскиот крај.
Д. ЧУБРИЌ