ДИЗАЈНЕРСКИ КОЛЕКЦИИ ОД СЛОВЕНСКИТЕ РАКОПИСИ ОД 13-17 ВЕК

    ДИЗАЈНЕРСКИ КОЛЕКЦИИ ОД СЛОВЕНСКИТЕ РАКОПИСИ ОД 13-17 ВЕКДекоративната орнаментика на Бенчевското, Струшкото, Вруточкото и Зрзевското четвороевангелие од 13 до 17 век кои се чуваат во Археографската збирка на библиотеката се инспирација за изложбата на дизајнерски предмети (Фото: Ѓ. Личовски)

    Изложба со дизајнирани производи инспирирани од орнаментиката во словенски ракописи од 13-17 век од Археографската збирка на Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се отвори денеска во библиотеката во рамки на Европската година на културното наследство.

    На изложбата „Промоција на културното наследство на иновативен начин“, реномирани дизајнери и ракотворци претставија предмети создадени според елементи во ракописите на четири средновековни евангелија што се чуваат во НУБ.

    Бенчевското четвороевангелие со минијатури од 14 до 16 век беше инспирацијата за архитектката Искра Јанковска-Михајловска и модната дизајнерка Лидија Георгиева за колекцијата „Вибрации во наследство“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Бенчевското четвороевангелие со минијатури од 14 до 16 век беше инспирацијата за архитектката Искра Јанковска-Михајловска и модната дизајнерка Лидија Георгиева, кои за нивниот бренд „Искра & Лидија блупринт колекшн“ ја изработија колекцијата „Вибрации во наследство“ составена од маици, перници и чаши со отпечатоци и во 3Д отпечатени подметнувачи за чаши.

    Вруточкото евангелие од 13-14 век ја инспирираше филигран артистката Билјана Клекачкоска за колекцијата „Буквите се живи“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вруточкото евангелие од 13-14 век ја инспирираше филигран артистката Билјана Клекачкоска за колекцијата „Буквите се живи“, накит изработен од сребро во филигран техника.

    Керакамика студио ги изработи „Четвороевангелските чаши“ инспирирани од декоративната орнаментика на Бенчевското, Струшкото, Вруточкото и Зрзевско четвороевангелие од 13 до 17 век (Фото: Ѓ. Личовски)

    Керакамика студио ги изработи „Четвороевангелските чаши“ инспирирани од декоративната орнаментика на Бенчевското, Струшкото, Вруточкото и Зрзевско четвороевангелие од 13 до 17 век, а од истиот извор произлезе и колекцијата „Ритамот на буквите“ на Шадија Дервишевиќ за брендот „Вул арт“ создадени во една од најстарите текстилни техники, пресуван филц.

    колекцијата „Ритамот на буквите“ на Шадија Дервишевиќ за брендот „Вул арт“ (Фото: СДК.МК)

    Јасмина Главинче ја создаде колекцијата „Те(бе)“, графики инспирирани од буквите на Вруточкото евангелие, отпечатени на рециклирана и рачно изработена хартија.

    Јасмина Главинче ја создаде колекцијата „Те(бе)“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Раководителката на проектот Елена Никодиновска на отворањето најави декаова е почеток на создавање серија сувенири кои ќе се продаваат во НУБ и дека на слични теми ќе продолжи соработката со другите македонски дизајнери и уметници.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира