Американската актерка оскаровка Ен Хатавеј објави дека е бремена со трето дете. 43-годишната ѕвездата од „Ѓаволот носи Прада“ (1 и 2), , сподели видео на Инстаграм објавувајќи ја веста.
Во клипот таа носи лелеава бела облека и влегува во кадарот со рацете прекрстени на стомакот. Додека свири песната „Бејби, јас сум твоја“ (Baby I’m Yours) од Барбара Луис, Хатавеј ги спушта рацете за да го открие пораснатиот стомак, пред да се насмевне, да го прегрне стомакот, па да истрча надвор од кадарот. Таа напиша на објавата: „Бејби,јас сум твоја“. Таа е во брак со актерот и бизнисмен Адам Шулман од 2012 и родители се на синовите Џонатан (10) и Џек (6).
Хатавеј доби Оскар во 2013 за најдобра споредна улога во „Клетници“, а има и номинација за најдобра женска улога во „Рејчел се мажи“ во 2009.
Иако Хатавеј во голема мера не зборуваше јавно за своите синови, таа минатиот месец за „Ел“ изјави дека тие се „во оваа навистина забавна зона каде што сите сакаме да се дружиме заедно, што разбирам дека може да се промени“. „Па, секогаш ќе сакаме да се дружиме со нив, но нивните чувства за нас можеби ќе се променат“, додаде таа, пред да каже дека таа и нејзиниот сопруг „засега толку многу“ уживаат во времето со своите деца.
„Сите сме само во тоа. Адам и јас уживаме. Јас си поминувам прекрасно со моето семејство, живеам во градот од моите соништа, а работата се чини дека оди навистина, навистина добро. Па иако звучи ужасно, си поминувам одлично додека сè друго гори.“
Во 2022, таа изјави за „Волстрит џурнал магазин“ дека „не се чувствувала целосно приземјена и целосно тука“ сè додека не станала мајка.
„Не е дека ми недостасуваше интегритет, но тоа ме натера да сакам целосно, на секое ниво, да бидам верна на својот збор. И тоа значеше да престанам со секоја глупост што ја имав во себе. И тоа се мали паузи што си ги даваш понекогаш кога знаеш дека не си најдобрата од себе.“, рече таа.
Откако годинава играше во „Мајка Марија“ и „Ѓаволот носи Прада 2“, следен филм ѝ е „Одисеја“ на Кристофер Нолан, кој излегува на 17 јули, и филмската адаптација на „Верити“ на Колин Хувер, која ќе излезе на 2 октомври. Меѓу претстојните проекти се и „Крајот на улицата Оук“, адаптација на бестселерот „Вчера“ и „Дневниците на принцезата 3“.



