ОСНОВАЧОТ НА „ИКЕА“ ИНГВАР КАМПРАД ПОЧИНА НА 91 ГОДИНА

    ОСНОВАЧОТ НА „ИКЕА“ ИНГВАР КАМПРАД ПОЧИНА НА 91 ГОДИНАИнгвар Кампрад ја основал компанијата го имал само 17 години (Фото: АП)

    Ингвар Кампрад, основачот на најпознатата светска компанија за производство на мебел „Икеа“, почина на 91-годишна возраст.

    „Господинот Кампрад почина мирно во својот дом во Смоланд. Тој е еден од најголемите бизнисмени на 20. век, работеше до последниот ден“, се вели во соопштението на шведскиот гигант.

    Роден во 1926 година, тој ја основал „Икеа“ кога имал само 17 години, искористувајќи ги парите што ги добил како награда од татко му за успешно завршување на школувањето, и покрај дислексија. Дизајните на компанијата набргу станаа многу популарни благодарение на своите едноставност, квалитет и практичност и „Икеа“ денес има 389 супермаркети низ целиот свет. Во 2016 година, компанијата имала профит од 43 милијарди долари.

    „Неговиот дизајн радикално го промени начинот на кој денес се создава мебел. Некои се обидоа да го копираат, но имаа малку успех. Кампрад остана високо над сите“, кажа дизајнерот на мебел Џеф Бенкс.

    Во 80-ите години Кампрад се соочи со прашањата за неговите врски со нацистите во Втората светска војна, што тој го опиша како „најголема глупост и најголема грешка во неговиот живот“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира