„ОСТРОВ НА КУЧИЊАТА“ НА ВЕС АНДЕРСОН ГО ОТВОРИ 68. БЕРЛИНАЛЕ СО ДОАЃАЊЕТО НА ГОДИНАТА НА КУЧЕТО

    „ОСТРОВ НА КУЧИЊАТА“ НА ВЕС АНДЕРСОН ГО ОТВОРИ 68. БЕРЛИНАЛЕ СО ДОАЃАЊЕТО НА ГОДИНАТА НА КУЧЕТОФестивалот за првпат отвори со анимиран филм. - Вес Андерсон со Грета Гервиг и Тилда Свинтон на отворањето на 68. Берлинале (Фото: ДПА)

    Само ден пред доаѓањето на кинеската нова година, која ќе биде година на кучето, Вес Андерсон соодветно го отвори Берлинскиот филмски фестивал со своето најново дело – „Остров на кучињата“.

    Деветтиот филм на американскиот режисер е анимиран филм, сместен во дистописка верзија на Јапонија, каде што корумпираниот градоначалник Кобајаши решава сите кучиња од Мегасаки Сити да бидат протерани на Островот на Ѓубрето, што, всушност, е огромна депонија.

    Бил Мареј е еден од најредовните соработници на Вес Андерсон (Фото: Ројтерс)

    „Овој проект настана со спојувањето на две идеи: кучиња на депонија и љубовта кон јапонската кинематографија, особено Куросава. Не е дека бев голем фан на анимација, но кога истражував за мојот претходен анимиран филм ‘Фантастичниот господин Фокс‘, развив голема фасцинација кон Хајао Мијазаки“, појасни Андерсон.

    Ова е првпат во 68-годишната историја на Берлинале тој да биде отворен со анимиран филм.

    Во Берлин пристигна како специјална гостинка. – Хелен Мирен (Фото: Ројтерс)

    Во главната селекција за Златната и за Сребрената мечка ќе бидат 19 филмови. Во текот на 11-те денови од фестивалот ќе бидат прикажани над 400 филмови, а Македонија ќе биде претставена со копродукцискиот филм „Кога дрвата паѓаа“, кој ќе има премиера на 20 февруари.

    Во натпреварувачката програма, денеска светска премиера ќе има „Наследничките“ на парагвајскиот режисер Марсело Мартинеси, а ќе се прикаже и американскиот комичен вестерн „Дамзел“, со Роберт Патинсон и Мија Васиковска во главни улоги.

    Во главната селекција за Златната и за Сребрената мечка ќе бидат 19 филмови (Фото: Ројтерс)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира