Сопственикот на кучето Каос, кое помогна при спасувањето на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Италија во 2016 година, кажа дека тоа умрело откако било отруено.
Објавата на Фејсбук на Фабијано Еторе, сопственикот на отруениот германскиот овчар, досега е споделена над 60.000 пати. Во објавата, тој кажа: „Продолжи со работата таму горе, продолжи да бараш исчезнати и да спасуваш животи“.
Каос живееше со сопственикот во гратчето Аматриче во италијанската провинција Риети. Аматриче беше најтешко погодено во земјотресот со јачина од 6,3 степени на 24 август 2016 година. Волчјакот беше наречен куче херој откако пронајде преживеани под урнатините неколку часа по земјотресот.