ОТВОРАЛЕ ДУПКИ ВО МОНТАЖНИ ТОАЛЕТИ ЗА ДА ВЛЕЗАТ НА КОНЦЕРТИТЕ ВО ОХРИД

    ОТВОРАЛЕ ДУПКИ ВО МОНТАЖНИ ТОАЛЕТИ ЗА ДА ВЛЕЗАТ НА КОНЦЕРТИТЕ ВО ОХРИДНа концертите на Цеца и Северина една група влегла откако ја пресекла оградата од жица. - Бината на стадионот „Билјанини извори“ (Фото: СДК.МК)

    Снаодливоста на нашите млади нема граници, а потврда за тоа е дека на концертите што се одржуваат во Охрид на отворена сцена влегувале низ демонтирање на задниот дел на монтажни тоалети. На неодамнешните концерти на Цеца и Северина една група влегла откако ја пресекла оградата од жица.

    „За влез на концертите на балканските ѕвезди кои деновиве настапија на отворената сцена кај спортската сала ‘Билјанини извори’ требаше да се издвојат од 500 до 1000 денари. Тоа за некои млади луѓе било премногу и решиле да се снаоѓаат. Од дома зеле клешти, ја пресекле оградата пред бината и така повеќемина влегле на местото каде што се одржувале концертите. Тоа го направиле неколку пати. Некој од обезбедувањето забележал како низ дупката во оградата влегуваат по десеттина млади луѓе. Била алармирана полицијата и тие биле фатени“, раскажува вработен во спортската сала до која се наоѓа просторот за концертите.

    Овде и годинава се раскажува случката од минатото лето кога на овој простор каде се организираат концертите имало и десетина подвижни тоалети.

    „На некои од организаторите им станало сомнително кога забележал дека на самиот почеток од еден концерт од кај оградата во група влегувале по 15-тина млади. Првата вечер никој не открил како овие деца влегуваат, ама веќе следната вечер некој поитар отишол да ги провери тоалетите кои биле поставени до оградата. Кога влегол внатре, имал што да види, задниот дел од неколку тоалети бил отстранет преку кој младите луѓе слободно влегувале до бината. Поради тоа тоалетите биле отстранети, а групата млади луѓе повеќе не се појавила“, раскажува човек од обезбедувањето на концертите.

    Деновиве на посебно уреден простор кај салата „Билјанини Извори“ настапуваа и познати диџеи. Поради тоа овој дел е покриен со обезбедувачи од неколку агенции за обезбедување, а полицијата не дозволува влез во близината салата неколку часа пред почетокот на концертите.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира