ОТВОРЕН НОВ САЛОН ЗА ЛУКСУЗНИТЕ ЈАГУАР И ЛЕНД РОВЕР ВО СКОПЈЕ

    ОТВОРЕН НОВ САЛОН ЗА ЛУКСУЗНИТЕ ЈАГУАР И ЛЕНД РОВЕР ВО СКОПЈЕГостите што беа на отворањето имаа можност одблиску да се запознаат во изложените модели меѓу кои и новитетите Јагуар еф-пејс и Ленд Ровер дискавери.

    Новиот продажен салон за автомобилите од премиум класата на Јагуар и Ленд Ровер беше отворен вечерва во Скопје. Ексклузивниот центар е лоциран на улица Скупи и веќе од денес е подготвен да ги услужи како постојните сопствениците на Јагуар и Ленд Ровер, така и новите клиенти заинтересирани за британските автомобили.

    Новиот продажен салон, кој опфаќа 680 метри квадратни, е дизајниран според сите стандарди на Јагуар и Ленд Ровер, чии главни карактеристики се софистицираноста и беспрекорноста и тоа што посетителите тука ќе можат да видат е идентично со тоа што може да го видат во кој било ваков овластен центар секаде во светот.

    Генералниот директор на „Аутомобили груп“ Кочо Бураку се надева дека „Аутомобили груп“ ќе ги исполни очекувањата на голем број почитувачи на Јагуар и Ленд Ровер.

    „Се гордееме што имаме привилегија да ги застапуваме најпрестижните брендови во автомобилската индустрија Јагуар и Ленд Ровер. Потпирајќи се на нашето досегашно искуство, се надеваме дека ‘Аутомобили груп’ ќе ги исполни очекувањата на голем број почитувачи на овие марки. Пријатната атмосфера на објектот овозможува секој посетител да се чувствува добредојдено, а за нашите вработени претставува одлично место за работа. Како таков, новиот објект не само што го поддржува позиционирањето на марките Јагуар и Ленд Ровер, туку го става клиентот во срцето на секој дел од нашето работење“, изјави генералниот директор на „Аутомобили груп“ Кочо Бураку на свеченото отворање.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира