ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ ГО НАПРАВИ СВЕТОТ ПОТИВОК, ПА ЗЕМЈАТА ПОМАЛКУ ВИБРИРА

    ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ ГО НАПРАВИ СВЕТОТ ПОТИВОК, ПА ЗЕМЈАТА ПОМАЛКУ ВИБРИРАГолем број градови и држави воведоа карантин, со што и сообраќајот е сведен на минимум (Фото: Гети)

    Некогаш преполните улици сега се празни. Сообраќајот е сведен на минимум и сѐ помалку и помалку луѓе се движат наоколу. Глобалните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот го направија светот потивок и тоа го забележуваат и научници.

    Низ светот, сеизмолозите сега регистрираат далеку помалку амбиентална сеизмичка бучава, под што се подразбираат вибрации генерирани од автомобили, возови, автобуси и секојдневно движење на луѓето. А, во отсуство на таа бучава, и горната кора на Земјата се движи помалку.

    Томас Лекок, геолог и сеизмолог од Кралската опсерваторија во Белгија, прв го посочил овој феномен, откако забележал дека амбиенталната сеизмичка бучава во Брисел се намалила за 30-50% во март, токму во периодот кога земјата беше ставена во карантин.

    „Помалку бучава значи дека сеизмолозите можат да детектираат помали настани. Во нормални времиња, станицата во Брисел е практички неупотреблива, но градот сега е тивок“, вели Лекок.

    Слични ефекти сеизмолозите забележале и во други големи градови, како Лондон и Лос Анџелес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира