ПАРАЛИЗИРАН ХОЛАНЃАНЕЦ МОЖЕ ПАК ДА СТОИ И ОДИ СО ПОМОШ НА МОЗОЧНИ ИМПЛАНТИ

    ПАРАЛИЗИРАН ХОЛАНЃАНЕЦ МОЖЕ ПАК ДА СТОИ И ОДИ СО ПОМОШ НА МОЗОЧНИ ИМПЛАНТИЕлектронските импланти на безжичен начин ги пренесуваат неговите мисли на нозете и стапалата преку втор имплант на 'рбетот. (Фото: ЕПФЛ)

    Четирисетгодишниот Холанѓанец, Герт-Јан Оскам, кој останал парализиран по велосипедска несреќа пред 12 години, може повторно да оди, едноставно размислувајќи за тоа, благодарение на електронските мозочни импланти, прво медицинско помагало од овој тип. Вели дека му го променило животот.

    Електронските импланти на безжичен начин ги пренесуваат неговите мисли на нозете и стапалата преку втор имплант на ‘рбетот.

    Системот сè уште е во експериментална фаза, но водечка добротворна организација за ‘рбетниот столб во Велика Британија го нарече „многу охрабрувачки“.

    „Се чувствувам како мало дете, кое повторно учи да оди“, изјави Оскам за „Би-Би-Си“. Сега може да стои и да се качува по скали.

    „Тоа беше долго патување, но сега можам да станам и да пијам пиво со мојот пријател. Задоволство е што многу луѓе не го сфаќаат“, додава тој.

    На откритието, кое беше објавено во списанието „Нејчр“, работеа швајцарски истражувачи. Проф. Џоселин Блоч од Универзитетот во Лозана, е неврохирургот која во 2021 ја водеше сложената операција за да ги вгради имплантите и  потенцира дека системот е сѐ уште во истражувачка фаза и многу години далеку од тоа да биде достапен за парализираните пациенти.

    Но, вели, целта на тимот е да го извади од лабораторијата и да влезе во болниците што е можно поскоро.

    „Важната работа за нас не е само да имаме научно испитување, туку на крајот да им дадеме поголем пристап на повеќе луѓе со повреди на ‘рбетниот мозок кои се навикнати да слушаат од лекарите дека мора да се навикнат на фактот дека никогаш повеќе нема да се движат“, вели Блоч.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира