ПАРИЧКИТЕ ВО ФОНТАНАТА ТРЕВИ ВО РИМ СЕ СОБИРААТ ДВАПАТИ НЕДЕЛНО, СЕ СУШАТ СО ФЕН И ОДАТ ЗА СИРОМАШНИТЕ

    ПАРИЧКИТЕ ВО ФОНТАНАТА ТРЕВИ ВО РИМ СЕ СОБИРААТ ДВАПАТИ НЕДЕЛНО, СЕ СУШАТ СО ФЕН И ОДАТ ЗА СИРОМАШНИТЕВо 2022 биле собрани 1,4 милиони евра од фонтаната (Фото: Телеграф)

    Кога туристите фрлаат парички во величествената фонтана Треви во Рим, посакувајќи си желби за здравје, љубов или за враќање во „вечниот град“, тие всушност обезбедуваат помош за луѓе кои никогаш не ги сретнале. Денес, монетите се трупаат неколку дена, пред да бидат собрани и однесени во римската подружница на светската католичка добротворна организација „Каритас“, која ги користи овие пари за финансирање банка за храна, народна кујна и за проекти за социјална помош.

    Во 2022, „Каритас“ собрал 1,4 милиони евра од фонтаната и се очекува да се соберат уште повеќе од она што беше фрлено минатата година. Рим е еден од најпосетуваните градови во светот со 21 милион туристи годишно.

    Вадењето на монетите е спектакл и го прават работници од регионално комунално претпријатие, кои балансираат на работ на огромната барокна фонтана, држејќи долги метли и црева за вшмукување. Монетите потоа се даваат во „Каритас“, каде што се сушат со фен, сортираат и бројат.

    Легендата вели ако фрлите паричка со десната рака преку левото рамо во фонтаната, ќе се вратите во Рим (Фото: СДК.МК)

    Знаците околу фонтаната објаснуваат дека парите ќе одат во хуманитарни цели.

    Сакав да посакам желба која ми е многу драга. Но, исто така знам дека мојата паричка ќе им помогне на сиромашните. Посакав желба, но се надевам дека овие пари ќе помогнат и за желбите на други луѓе“, рече Јула Кол од Бразил откако фрли паричка.

    Дење и ноќ, луѓето се собираат околу фонтаната и се фотографираат. Легендата вели дека ако фрлите паричка со десната рака преку левото рамо во фонтаната, ќе се вратите во Рим. Луѓето си додаваат и свои лични желби.

    Фонтаната Треви, завршена во 1762 година, покрива една страна на палатата Поли во централниот дел на Рим. Влегувањето во водата е забрането и туристите се соочуваат со парични казни доколку го сторат тоа. Фонтаната се празни двапати месечно заради чистење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира