ПАРК ВО ФРАНЦИЈА ОБУЧИ ПТИЦИ ДА СОБИРААТ ЃУБРЕ

    ПАРК ВО ФРАНЦИЈА ОБУЧИ ПТИЦИ ДА СОБИРААТ ЃУБРЕПтиците имаат за цел да ги научат посетителите да се грижат за околината (Фото: Алами)

    Тематски парк од Франција „ангажираше“ шест интелигентни птици да го собираат ѓубрето и да го чистат теренот.

    Гавраните од паркот во Пи ду Фу во западниот дел на земјата биле научени да собираат отпушоци од цигари и други помали парчиња ѓубре. Тие го оставаат ѓубрето во мала кутија и потоа како награда за својата работа добиваат птичја храна.

    Првите пердувести чистачи веќе почнаа со работа, а останатите ќе стартуваат од утре.

    Никола де Вилие, директорот на паркот, вели дека ова нема за цел само да се одржува околината чиста.

    „Генерално, посетителите не фрлаат ѓубре наоколу. Ние сакаме да покажеме дека самата природа може да нè научи да се грижиме за околината“, изјави Де Вилие.

    Тој додава дека овие птици се многу интелигентни и дека сакаат да комуницираат со луѓе и да воспостават однос преку игра.

    „Гавраните често неправедно се на лош глас, но овие птици ќе покажат дека се еколошки освестени и ќе го подобрат својот имиџ“, вели тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира