Пејачката на ирскиот бенд Кренберис Долорес О’Риордан почина во Лондон на 46 години, соопшти нејзиниот публицист.
„Пејачката на ирскиот бенд Кренберис беше во Лондон за куса сесија на снимање. Во моментов нема повеќе детали“, се вели со соопштението на публицистот.
Во 2017 година, Кренберис најавија турнеја низ Европа и САД, но во мај, кусо по почетокот на европската турнеја, бендот ги откажа остатокот од концертите поради здравствени проблеми на пејачката. Официјалното соопштение на Кренберис беше дека пејачката има проблеми со грбот.