ПЕЈАЧКАТА НА КРЕНБЕРИС ДОЛОРЕС О’РИОРДАН ПОЧИНА НА 46 ГОДИНИ

    ПЕЈАЧКАТА НА КРЕНБЕРИС ДОЛОРЕС О’РИОРДАН ПОЧИНА НА 46 ГОДИНИИрскиот бенд ја прекина турнејата минатата година поради здравствени проблеми на пејачката. - Долорс О’Риордан (Фото: Рекс)

    Пејачката на ирскиот бенд Кренберис Долорес О’Риордан почина во Лондон на 46 години, соопшти нејзиниот публицист.

    „Пејачката на ирскиот бенд Кренберис беше во Лондон за куса сесија на снимање. Во моментов нема повеќе детали“, се вели со соопштението на публицистот.

    Во 2017 година, Кренберис најавија турнеја низ Европа и САД, но во мај, кусо по почетокот на европската турнеја, бендот ги откажа остатокот од концертите поради здравствени проблеми на пејачката. Официјалното соопштение на Кренберис беше дека пејачката има проблеми со грбот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира