ПЕЈАЧОТ АРОН КАРТЕР ПОЧИНА НА 34 ГОДИНИ

    ПЕЈАЧОТ АРОН КАРТЕР ПОЧИНА НА 34 ГОДИНИКартер се прослави како детска ѕвезда, а подоцна водеше проблематичен живот (Фото: Гети)

    Американскиот пејач и актер Арон Картер е пронајден мртов во својот дом во Ланкастер, Калифорнија. Според сајтот ТМЗ, телото на 34-годишниот Картер било пронајдено во када. Полицијата дошла во неговата куќа откако било пријавено дека маж се удавил.

    Причината за смртта засега не е позната, но од полицијата кажаа дека немало траги на насилство.

    Помладиот брат на пејачот на „Бекстрит бојс“ Ник Картер се прослави уште како детска ѕвезда во 1990-ите. Вкупно објави пет студиски албуми, од кои првиот на деветгодишна возраст. Неговите први два албума достигнаа милионски тиражи.

    Подоцна водеше проблематичен живот, исполнет со дроги, јавни семејни караници и ментални проблеми. Во септември објави дека доброволно се пријавил на рехабилитација, но пред само неколку дена повторно бил уапсен поради возење во пијана состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира