ПЕКИНГ ГО ОТВОРИ НОВИОТ АЕРОДРОМ ОД 11 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ПЕКИНГ ГО ОТВОРИ НОВИОТ АЕРОДРОМ ОД 11 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИАеродромот „Дашинг“ е опишан како најголемиот терминал на светот сместен во една зграда (Фото: АФП)

    Пекинг денеска го пушти во употреба својот нов мегааеродром вреден 11 милијарди долари, неколку дена пред прославите на 70 години од прогласувањето на Народна Република Кина.

    Меѓународниот аеродром „Дашинг“, кој има изглед на морска ѕвезда, и официјално беше отворен од претседателот Шји Џјинпинг. Тој се простира на површина од 700.000 квадратни метри, што е рамно на 98 фудбалски игралишта.

    „Дашинг“ снимен со дрон

    Постојниот аеродром во Пекинг важи за втор најфреквентен на светот, по оној во Атланта и властите кажаа дека затоа имало потреба од уште еден. Седум домашни авиокомпании ќе оперираат на „Дашинг“ и тој треба да прими голем дел од 170-те милиони патници колку што Пекинг очекува до 2025 година.

    Дизајниран од прославената архитектка Заха Хадид, аеродромот се наоѓа 46 километри јужно од плоштадот Тјананмен и е опишан како најголемиот терминал на светот сместен во една зграда.

    Пекинг со ова се придружува на градови како Њујорк и Лондон кои имаат по два големи меѓународни аеродрома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира