ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ СОБРАА ВО БРВЕНИЦА НА 27. СПОРТСКИ ИГРИ

    ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ СОБРАА ВО БРВЕНИЦА НА 27. СПОРТСКИ ИГРИТегнење јаже беше една од 11-те дисциплини (Фото: СДК.МК)

    Пензионерите од целата држава денеска се собраа во тетовското село Брвеница за своите традиционални спортски игри. Тие се одржуваат по 27. пат, а учество зедоа над 370 пензионери.

    Овде во Брвеница се одржуваат 27. Републички спортски натпревари на пензионерите. За учество се квалификуваа 43 здруженија на пензионери од 53, колку што ги има во Сојузот. На овие спортски игри им претходеа натпревари на општинско и регионално ниво. Пензионерите се натпреваруваат во 11 спортски дисциплини, а ќе учествуваат 371 натпреварувач, 224 во машка и 147 во женска конкуренција. Севкупниот победник на натпреварите, односно екипата која ќе освои најмногу поени ќе го добие преодниот пехар“, изјави Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија.

    Стрелаштво со воздушна пушка, пикадо, шах и, секако, најатрактивниот натпревар во тегнење јаже се дел од 11-те дисциплини во кои пензионерите ги одмеруваат своите сили.

    Овие спортски активности не само што го афирмираат спортот, кој е многу важен за лицата во третото доба, тие истовремено значат и рекреација, соживот, другарување и излегување од дома за да се помине еден убав ден“, вели Трајкова.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира