ПИВАРА СКОПЈЕ ЕДУЦИРАШЕ НАД 17.000 ОСНОВЦИ ЗА БЕЗБЕДНИ И ЗДРАВИ ШКОЛСКИ ДЕНОВИ

    ПИВАРА СКОПЈЕ ЕДУЦИРАШЕ НАД 17.000 ОСНОВЦИ ЗА БЕЗБЕДНИ И ЗДРАВИ ШКОЛСКИ ДЕНОВИ

    Пивара Скопје и годинава го реализираше едукативниот проект на теми поврзaни со здравјето и безбедноста, наменет за учениците од четврто одделение и овојпат со едукацијата беа опфатени над 8.000 ученици во 114 основни училишта во 11 општини и градови во целата земја. Со ова, вкупната бројка на ученици кои во изминатите четири години имаа можност да се едуцираат за безбедни и здрави школски денови надмина 17.000, соопшти компанијата.

    Проектот, во соработка со општините, се реализира преку интерактивни и сликовити презентации кои се прилагодени на возраста на учениците, преку кои тие, во присуство на своите наставници, добиваат совети за тоа како правилно да го држат телото при седење во училишната клупа и при работа со компјутер, како правилно да го носaт школскиот ранец, како да спречат повреди предизвикани од лизгање, препнување и паѓање и за тоа како да постапат при евентуална појава на пожар во училиштето.

    Реализацијата на презентациите и годинава започна на 28 aприл – Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа. Во изминатите пет недели, презентациите ги изведуваа над 70 вработени во Пивара Скопје во што се вложени над 160 часови волонтерска работа. Сите вработени во компанијата редовно се обучуваат во областа на здравјето и безбедноста при работа, со што стекнуваат соодветно знаење кое преку овој проект имаат можност да им го пренесат и на учениците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира