„ПИВАРА СКОПЈЕ“ ГО СОЗДАДЕ ПРВОТО ПЧЕНИЧНО ПИВО „СКОПСКО ВАЈС“

    „ПИВАРА СКОПЈЕ“ ГО СОЗДАДЕ ПРВОТО ПЧЕНИЧНО ПИВО „СКОПСКО ВАЈС“Скопско вајс ќе биде достапно во пакување од 0,5 литри во стаклена амбалажа и лименка, како и точено во низа ресторани и кафулиња низ целата земја.(Фото: СДК.МК)

    Пиварa Скопје го пушти во продажба „скопско вајс“, првото пченично пиво создадено во Македонија. Со оваа новина, како што велат од компанијата, се потврдува посветеноста кон иновации и квалитетот и се збогатува домашната понуда со уште едно пиво „со врвен квалитет и специфичен вкус, кое ќе биде препознатливо по својот автентичен македонски потпис“.

    „Скопско вајс“, создадено со внимателно избрана комбинација од врвен пченичен и јачменов слад, збогатена со хмељ од благородни сорти и суптилни овошни ноти, карактеристични за оваа категорија пива. Од компанијата го опишуваат како пиво кое се одликува со светла златна боја и богата, кремаста пена, чиј вкус е префинето балансиран, со лесна сладост, нежна киселост и едвај забележлива горчина.

    Со ‘скопско вајс’ отвораме ново поглавје во развојот на пивската култура во Македонија. Ова не е само нов производ, тоа е израз на нашата визија да ги следиме светските трендови, но и да останеме верни на локалниот дух. Сакаме да им понудиме на потрошувачите пиво кое носи свежина, автентичност и современост, создадено со мајсторство и страст. Веруваме дека ‘скопско вајс’ ќе стане симбол на нови вкусови, нови моменти и нови начини на уживање во пивото и токму затоа сме горди што токму од ‘Пивара Скопје’ доаѓа нешто што ги обединува традицијата и иновацијата“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.

    „Скопско вајс“ ќе се продава во стаклени шишиња од 0,5 литри и во лименка, како и точено во низа ресторани и кафулиња низ целата земја.

     

    *Комерцијална презентација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира