ПИВАРА СКОПЈЕ ПРИДОНЕСУВА ЗА БУЏЕТОТ СО 12% ОД ЦЕЛОКУПНИОТ ДАНОК НА ДОБИВКА ВО ДРЖАВАТА

    ПИВАРА СКОПЈЕ ПРИДОНЕСУВА ЗА БУЏЕТОТ СО 12% ОД ЦЕЛОКУПНИОТ ДАНОК НА ДОБИВКА ВО ДРЖАВАТАФормулата на успехот е во довербата од нашите потрошувачи на кои веќе 93 години им ги нудиме најомилените безалкохолни пијалаци и пива на пазарот - генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ на вчерашната презентација на Студијата

    Пивара Скопје годишно создава 44,6 милиони евра бруто додадена вредност за македонската економија, а вкупниот годишен придонес на компанијата во буџетот на земјата надминува 21 милион евра, што претставува 12% од целокупниот данок од добивка во државата за 2016 година стои во Студијата за социо –економско влијание на компанијата, прва пд таков вид создадена во Македонија.

    Студијата беше промовирана вчера во Стопанската комора на Македонија. Целта на оваа студија, изработена според научна методологија од реномираната меѓународна консултантска куќа „Deloitte Sustainability Consulting“, е на транспарентен, независен и објективен начин да се одреди и да се прикаже пред целокупната јавност влијанието и значењето што Пивара Скопје го има во развојот на домашната економија и просперитетот на заедница.

    Според студијата околу 6.000 лица во земјава целосно или делумно зависат од генерираниот личен доход во целиот синџир на создавање вредности на Пивара Скопје, која годишно обезбедува 13,7 милиони евра личен доход за своите вработени, како и за вработените во компаниите со кои соработува, што е еднакво на просечната месечна плата на 25.000 лица во земјава. Кон ваквиот придонес на Пивара Скопје се додава и оној на партнерот – Кока Кола, која само минатата година инвестираше над 1,4 милиони евра во македонската економија.

    Секое работно место во компанијата придонесува за дополнителни 3,6 работни места во земјата, стои во Студијата. Пивара Скопје обезбедува работа за 1.000 добавувачи, од кои годишно набавува стоки и услуги во износ од 33,6 милиони евра. Компанијата соработува со повеќе од 13.000 бизнис-ентитети во земјата, со што остварува позитивно влијание врз развојот на повеќе од 15 витални сектори од домашната економија, меѓу кои: земјоделството, трговијата на големо и мало, угостителството и туризмот и други, со што во голема мера влијае врз заживувањето на целокупната економска активност во земјата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари