ПО 12 ГОДИНИ ИЗГРАДБА, ГЕРМАНИЈА ГО ОТВОРИ НАЈГОЛЕМОТО СЕДИШТЕ НА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА НА СВЕТОТ

    ПО 12 ГОДИНИ ИЗГРАДБА, ГЕРМАНИЈА ГО ОТВОРИ НАЈГОЛЕМОТО СЕДИШТЕ НА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА НА СВЕТОТНовиот објект има површина од 36 фудбалски терени. - Ангела Меркел со шефот на разузнавачката служба Бруно Кал на отворањето (Фото: Гети)

    Забранети се мобилни телефони и приватни лаптопи, како и проверување приватна е-пошта и социјални мрежи, а на крајот на работниот ден, сите пристапни картици се заклучуваат на сигурно.

    Дванаесет години откако почна изградбата и по вложени една милијарда евра, Федералната разузнавачка служба на Германија се пресели во нов комплекс во Берлин, најголем од таков тип на светот, со површина од 36 фудбалски терени.

    Во изградбата се потрошени 135.000 кубни метри бетон и 20.000 тони челик (Фото: Гети)

    Сместен во близина на некогашниот Берлински ѕид, тоа е најтајното место во Германија, со строги безбедносни процедури што смеат да прават вработените.

    „Во често многу конфузен свет, сега, повеќе од кога било, на Германија ѝ треба силна и ефикасна разузнавачка служба“, кажа канцеларката Ангела Меркел на отворањето.

    Околу 3.200 од планираните 4.000 службеници веќе се преселија и почнаа со работа во новите објекти. Агенцијата има вкупно 6.500 вработени низ Германија и светот.

    Пред зградата се поставени лажни палми, за кои беше кажано дека се уметнички инсталации, а не уреди за прислушување.

    Во изградбата се потрошени 135.000 кубни метри бетон и 20.000 тони челик и објектот има 14.000 прозорци и 12.000 врати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира