ПО 12 ГОДИНИ, ВИЛ СМИТ СЕ ВРАЌА НА МУЗИЧКАТА СЦЕНА СО КОНЦЕРТ ВО ХРВАТСКА

    ПО 12 ГОДИНИ, ВИЛ СМИТ СЕ ВРАЌА НА МУЗИЧКАТА СЦЕНА СО КОНЦЕРТ ВО ХРВАТСКАНастапувајќи под името Фреш Принс, Смит и Џези Џеф издадоа пет албуми од 1987 до 1993 година и освоија две награди Греми (Фото: промо)

    Холивудската ѕвезда Вил Смит викендов и официјално се враќа на музичката сцена, а првата дестинација на турнејата ќе му биде Хрватска.

    Тој и Ди Џеј Џези Џеф ќе го обноват прославениот хип хоп тандем од 90-ите години и првиот заеднички настап по 12 години пауза ќе го имаат в сабота во Пореч, по што ќе бидат меѓу главните ѕвезди на фестивалот “Лајвваер“ во Блекпул, Велика Британија.

    Настапувајќи под името Фреш Принс, Смит и Џези Џеф издадоа пет албуми од 1987 до 1993 година и освоија две награди Греми.

    Вил Смит, во меѓувреме, изгради успешна актерска кариера, која му донесе две номинации за Оскар и уште пет за Златен глобус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира