Актерот Кристијан Бејл ги постави темелите на проектот што го спрема веќе 16 години – изградба на десетина домови и општински центар чија цел е да не се разделуваат браќа и сестри кои се во системот на згрижување. Во придружба на сопругата Сиби Блажиќ, локални политичари и донатори, Бејл го означи почетокот на изградбата во градот Палмдејл, 80 километри северно од Лос Анџелес.
Овој проект бил замислен од самиот Бајл и тој долго време се борел да ја добие локацијата, на која вчера ја фрли првата лопата.
„Ќе го направев ова и ако бев само јас овде“, кажа Бејл.
Роден во Велика Британија, Бејл се преселил во Калифорнија во почетокот на 1990-тите. Тој дошол на идеја да изгради една ваква заедница откако слушнал дека во округот Лос Анџелес има голем број згрижени деца, при што многумина браќа и сестри морале да бидат разделени. Тоа било некаде во 2008, кога излезе „Мрачниот витез“, а ќерката на Бејл имала само три години.
„Не мислев дека ќе трае толку долго. Имав многу наивна идеја дека ќе добијам парче земја, ќе донесам деца, па браќа и сестри ќе можат да живеат заедно. Потоа сфатив дека работата е далеку посложена“, кажа Бејл.
Дванаесетте домови и придружните објекти треба да бидат завршени до април 2025.
„Ова е нешто што ме прави многу задоволен и сакам да бидам вклучен во секој чекор од целиот процес“, кажа 50-годишниот оскаровец.