ПО 77 ГОДИНИ ОТКРИЕНО ДЕКА ЕВРЕИН МОЖЕБИ ЈА ПРЕДАЛ АНА ФРАНК НА НАЦИСТИТЕ

    ПО 77 ГОДИНИ ОТКРИЕНО ДЕКА ЕВРЕИН МОЖЕБИ ЈА ПРЕДАЛ АНА ФРАНК НА НАЦИСТИТЕАна Франк имала само 15 години кога починала во концентрационен логор во 1945 (Фото: Рекс)

    Нова истрага го идентификуваше лицето кое можеби ги предало Ана Франк и нејзиното семејство на нацистите. Таа имала само 15 години кога починала во концентрационен логор во 1945, откако две години успешно се криела. Нејзиниот дневник, објавен постхумно, е најпознатиот директен приказ на животот на Евреите во Втората светска војна.

    Тимот, кој вклучи бивш агент на ФБИ, историчари и други експерти, кажа дека угледниот Евреин од Амстердам, Арнолд фан ден Берг, веројатно го предал семејството Франк за да ја спаси својата сопствена фамилија. Тие шест години го истражувале случајот со помош на модерни истражувачки техники, како компјутерски алгоритми.

    Фан ден Берг бил член на Еврејскиот совет во Амстердам, тело кое до 1943 ја спроведувало нацистичката политика во еврејските населби. И додека другите членови на советот потоа биле испратени во концентрациони логори, Фан ден Берг продолжил со нормалниот живот во градот и се верува дека им дојавувал информации на нацистите.

    Тимот открил докази дека и таткото на Ана Франк знаел дека Фан ден Берг бил предавникот, но го чувал тоа како тајна.

    Холандскиот весник „Де Волкстрант“ објави дека Фан ден Берг починал во 1950.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира