ПО ПОВЕЌЕ ОД ПОЛА ВЕК ПРОИЗВЕДЕН ПОСЛЕДНИОТ АВИОН „БОИНГ 747“

    ПО ПОВЕЌЕ ОД ПОЛА ВЕК ПРОИЗВЕДЕН ПОСЛЕДНИОТ АВИОН „БОИНГ 747“Последниот авион излезе од фабриката во Еверет во вторникот вечер (Фото: Твитер)

    По повеќе од пола век производство, последниот примерок на „боинг 747“ излезе од огромната фабрика во Еверет во американската сојузна држава Вашингтон. Последниот муштерија беше товарниот превозник „Атлас ер“, кој во почетокот на оваа година нарача четири вакви авиони.

    Џамбо џетот „747“ смени бројни улоги во својот животен век: беше товарен авион, комерцијален авион способен да превезува речиси 500 патници, па дури и претседателски авион Ер форс уан.

    Кога првпат беше произведен во 1969 година беше најголемиот комерцијален авион на светот. Тој и денес е поголем од повеќето авиони.

    Биле потребни над 50.000 работници на „Боинг“ и 16 месеци за да се создаде првиот „747“, а оттогаш биле комплетирани уште 1.573. Сепак, во изминатите две децении, „Боинг“ и европскиот ривал „Ербас“ се свртеа кон поштедливи и попрофитабилни авиони со два мотора, место четири, како кај „747“.

    Делта“ беше последната американска авиокомпанија која го користеше „747“ како патнички авион, што заврши во 2017, додека некои компании како „Луфтанза“ го задржаа во својата флота.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира