ПОЧИНА БРАЗИЛСКИОТ МУЗИЧАР ЖОАО ЖИЛБЕРТО, ТАТКОТО НА БОСА НОВА

    ПОЧИНА БРАЗИЛСКИОТ МУЗИЧАР ЖОАО ЖИЛБЕРТО, ТАТКОТО НА БОСА НОВАЖилберто беше водечки глас на најпознатиот бразилски музички стил на светот (Фото: АП)

    Влијателниот бразилски музичар Жоао Жилберто, кој важи за пионер на жанрот боса нова, почина на 88 години. Пејачот и композитор му донесе меѓународна популарност на овој жанр во 1960-ите години, откако го издаде албумот „Chega de Saudade“, кој се смета за пресвртна точка за бразилската музика.

    Бразилските медиуми објавија дека Жилберто починал во својот дом во Рио де Жанеиро по период на боледување, откако со години не се појавуваше во јавност.

    Роден во 1931, тој почнал да се занимава со музика на 18-годишна возраст и со комбинирањето на традиционални и модерни музички влијанија го креираше трендот боса нова, што потоа беше следен од голем број музичари. Жилберто му ја претстави боса нова на светот во 1958 година и овој ритам се карактеризираше со уникатен гитарски стил во кој модерни џез влијанија беа измешани со традиционалната самба. Неговата музика беше инспирација за милиони Бразилци во времето кога земјата забрзано се урбанизираше и развиваше.

    Неговото влијание е неспоредливо. Тој беше водечки глас на најпознатиот бразилски музички стил на светот“, изјави новинарот Бернардо Араужо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира