ПОЧИНА ЕДИНСТВЕНАТА „ТРОПСКА“ ПОЛАРНА МЕЧКА НА СВЕТОТ

    ПОЧИНА ЕДИНСТВЕНАТА „ТРОПСКА“ ПОЛАРНА МЕЧКА НА СВЕТОТИнука е роден во зоолошката градина и со 27 години надживеа просечна дива поларна мечка за повеќе од десет години (Фото: АФП)

    Единствената поларна мечка на светот родена во тропски услови почина во Сингапур од заболувања поврзани со возраста.

    „Заеднички донесовме многу тешка, но неопходна одлука да не го разбудиме Инука од анестезија од хумани причини“, соопшти сингапурската зоолошка градина.

    Инука е роден во зоолошката градина и со 27 години надживеа просечна дива поларна мечка за повеќе од десет години. Иако многу популарен, неговото присуство беше проследено со чести протести на активисти за заштита на животни.

    Последните лекарски прегледи покажаа дека Инука страдаше од артритис, проблеми со забите и од ушна инфекција. Поради слабеење на екстремитетите, Инука сѐ потешко можеше да се движи.

    „Колку и да сакавме да го задржиме Инука што е можно подолго, нашата крајна одговорност беше неговата благосостојба, што беше значително загрозена од неговите последни здравствени проблеми“, изјавија од зоолошката градина.

    Во Сингапур, температурите ретко паѓаат под 25 Целзиусови степени, што се необични услови за живот за поларна мечка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира