ПОЧИНА МАРГАРЕТ КИН, СЛИКАРКА КОЈА НА СУД МОРАШЕ ДА ДОКАЖУВА ДЕКА ПОРТРЕТИТЕ СО ГОЛЕМИ ОЧИ СЕ НЕЈЗИНИ

    ПОЧИНА МАРГАРЕТ КИН, СЛИКАРКА КОЈА НА СУД МОРАШЕ ДА ДОКАЖУВА ДЕКА ПОРТРЕТИТЕ СО ГОЛЕМИ ОЧИ СЕ НЕЈЗИНИКин со режисерот на „Големи очи“ Тим Бартон и актерите Ејми Адамс и Криштоф Валц (Фото: Гети)

    Американската уметница Маргарет Кин, која се прослави со слики на деца со големи очи и која на суд мораше да докажува дека се нејзини, почина на 94 години. Нејзината животна приказна ја раскажа режисерот Тим Бартон во филмот „Големи очи“, со Ејми Адамс и Криштоф Валц.

    Морничавите портрети на Кин се стекнаа со голема популарност во 1950-ите и 1960-ите. Иако беа отфрлени од критиката, јавноста и славни личности ги купуваа во големи количини.

    Во 1986, Кин го тужеше својот бивш сопруг Волтер, кој долго време тврдеше дека сликите се негово дело. За да се утврди вистината, судијата побарал од двајцата да сликаат во судницата, при што Кин завршила една од своите препознатливи слики за 53 минути, а Волтер не ни почнал, тврдејќи дека има повредено рамо. Судот пресуди во полза на Кин и ѝ додели отштета од четири милиони долари.

    Маргарет и Волтер се венчале во 1955 и тој ги продавал нејзините слики додека ја принудувал да работи 16 часа на ден дома. Таа дури по две години сфатила дека Волтер ги продавал сликите како негови.

    „Отсекогаш жалев што не бев доволно силна за да се борам за моите права. Но, тој ми се закануваше дека ќе ме убие ако ја кажам вистината, а познаваше доста луѓе од мафијата. Навистина се плашев од него“, изјави Кин своевремено.

    Тие се разведоа во 1965, а за измамата првпат се дозна во 1970.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира