ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ КАНГО

    ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ КАНГОКанго со децении беше една од најпрепознатливите појави на македонската музичка сценa. (Фото: принтскрин/Јутјуб)

    Рок-музичарот и гитарист Симеон Иванов-Канго почина во Кочани на 66-годишна возраст по долго и тешко боледување, потврди неговото семејство на Фејсбук.

    Со децении една од најпрепознатливите појави на нашата музичка сцена, Канго низ кариерата го следеше епитет „македонски Џими Хендрикс“, а беше активен и во промовирањето на македонските јазик и култура преку движењето „Мактеон“, што самиот го основа.

    Иако дипломирал на Правниот факултет во Скопје, тој почнал да се занимава со музика од најрана возраст и 40-годишниот јубилеј го одбележа со концерт во Дом на АРМ во Скопје во 2005 година.

    Освен тоа што беше гитарист и пејач во својот истоимен бенд, со кој издаде шест албуми, Канго беше и музички педагог и поет, објавувајќи четири збирки поезија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира