ПОЧИНА РИЧАРД РОЏЕРС, АРХИТЕКТОТ НА „ПОМПИДУ“ ВО ПАРИЗ И ЛОНДОНСКАТА „О2 АРЕНА“

    ПОЧИНА РИЧАРД РОЏЕРС, АРХИТЕКТОТ НА „ПОМПИДУ“ ВО ПАРИЗ И ЛОНДОНСКАТА „О2 АРЕНА“За центарот „Помпиду“, Роџерс во 2007 ја доби престижната Прицкерова награда. (Фото: Гети)

    Ричард Роџерс, архитектот на светски познати дела како центарот „Помпиду“ или Бобур во Париз или „Милениум доум“, сега позната како лондонска „02 Арена“ почина на 88 години, соопшти неговиот портпарол.

    Роден е во 1933 во англиско-италијанска фамилија во Фиренца, се образовал на Архитектонската школа во Лондон, а магистрирал на Јеил. Во 1970-те и 1980-те, Роџерс стана славен поради два објекта кои беа оценети како контроверзни во тоа време, бидејќи однадвор ги постави лифотвите и климауредите, како на пример Помпиду и зградата Лојдс во Лондон. Во 2007 ја доби највисоката архитектонска награда Прицкер за Помпиду.

    Негови се и дизајните за Европскиот суд на човекови права во Стразбур, Велшкото собрание во Кардиф, Терминалот 5 на аеродромот Хитроу во Лондон и Терминалот 4 на мадридскиот Барахас. Исто така, и Светскиот трговски центар 3 во Њујорк, облакодерот од 80 спрата кој стои на местото на поранешните Кули близначки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира