„Подравка Македонија“ започна нов општествено одговорен проект насловен „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“, со цел поддршка на средното училиште ,,Лазар Танев” во Скопје, најголемото средно стручно училиште во државата кое образува, воспитува и продуцира кадар за потребите на угостителско-туристичката индустрија на Република Северна Македонија.
Главната цел на проектот е подобрување на условите за практична настава за учениците, обезбедувајќи им поквалитетни ресурси за образование и усовршување во угостителската струка.
Оваа година, во рамките на проектот „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“, „Подравка Македонија“ повторно ќе обезбеди донација за обнова на кабинетите за практична настава во угостителското училиште. Овој општествено одговорен проект трае од 15 мај до 30 јуни и во тој период, еден денар од продажбата на селектирани производи на „Подравка“ ќе биде наменет за поддршка на угостителското училиште ,,Лазар Танев”. Собраните средства ќе се искористат за набавка и обнова на опрема во кабинетите за практична настава, со што ќе се унапреди образовниот процес за идните готвачи и угостителски стручњаци.
„Како компанија која вложува во заедницата, ‘Подравка Македонија‘ со особено внимание ги поддржува децата и младите. Угостителските училишта се клучни за развојот на нови кулинарски таленти и зачувување на нашето гастрономско и културно наследство. Ваквите иницијативи се наш начин да придонесеме за поквалитетно образование и да ја промовираме домашната гастрономија. Горд сум што вложуваме во иднината на младите готвачи“, изјави Ивица Саралиевски, директор на „Подравка Македонија“.
Како еден од лидерите во прехранбената индустрија во регионот и на пазарот во Република Северна Македонија, компанијата „Подравка“ сака да им помогне на училиштата, но и да ја истакне важноста на зачувување на традиционалните јадења и кулинарското наследство на нашата држава. Преку едукација на учениците и пошироката јавност за културната вредност на домашната кујна, „Подравка“ се стреми да обезбеди автентичните рецепти да се пренесуваат и негуваат низ генерации. Затоа е креирана посебна платформа со фотографии, (https://donirame-za-ucilista.podravka.mk/), видеа и рецепти од традиционални јадења (https://youtube.com/playlist?list=PLrTHQ_bCnWD6tp8m8Lojo6Kv6ez9elXZF&si=jbirNOF7AacszRCE), која ќе го зачува богатството на вкусови што ги поврзуваат генерациите.
За да го заокружи овој проект, „Подравка“ ќе организира мастерклас во училиштето „Лазар Танев“ во Скопје, каде што учениците со нивните ментори ќе готват по познати рецепти за традиционални јадења, како придонес кон зачувување на нашето гастрономско наследство и иднината на домашната кујна. Зготвените јадења ќе бидат донирани за деца од социјално загрозени семејства.
Проектот „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“ е продолжение на иницијативата на групацијата „Подравка“ од 2023 година, кога беа донирани средства за угостителското училиште од продажбата на селектирани производи под брендот „Вегета“.
(комерцијален текст)